Во стопанството инкасирани 400 милиони евра помош

Bez autora
Jun 12 2013

Владата има слух за барањата на металуршките компании и досега повеќето од нивните барања беа прифатени. Во делот на еколошките стандарди имаше извесно пролонгирање на обврските со цел да имаат подолго време за да ги реализираат зашто за тоа се неопходни инвестиции. Ова го посочи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како одговор на компаниите од металуршкиот сектор кои преку своето здружение побараа помош од Владата укажувајќи дека до крајот на годинава производството ќе им опадне за 40%, што, пак, ќе донесе намалување на бројот на вработените. Тие, исто така, посочија дека во првите четири месеци од годинава споредено со претходната година бележат намалување на производството од 21,9%, а во 2012 година производството било пониско за 11% во однос на 2011 година. Владата ги помага компаниите од металургијата, но и сите други компании преку политиката на задржување на најниски даноци во Европа. Со тоа преку 400 милиони евра во изминатите неколку години се оставени на располагање на македонските компании од сите дејности.

Во стопанството инкасирани 400 милиони евра помошВладата има слух за барањата на металуршките компании и досега повеќето од нивните барања беа прифатени.

Во делот на еколошките стандарди имаше извесно пролонгирање на обврските со цел да имаат подолго време за да ги реализираат зашто за тоа се неопходни инвестиции. Ова го посочи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како одговор на компаниите од металуршкиот сектор кои преку своето здружение побараа помош од Владата укажувајќи дека до крајот на годинава производството ќе им опадне за 40%, што, пак, ќе донесе намалување на бројот на вработените. Тие, исто така, посочија дека во првите четири месеци од годинава споредено со претходната година бележат намалување на производството од 21,9%, а во 2012 година производството било пониско за 11% во однос на 2011 година.

- Владата ги помага компаниите од металургијата, но и сите други компании преку политиката на задржување на најниски даноци во Европа. Со тоа преку 400 милиони евра во изминатите неколку години се оставени на располагање на македонските компании од сите дејности - вели Ставрески.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, пак, посочи дека претставници од Владата ќе се сретнат со металурзите и ќе ги разгледаат сите нивни предлози.

- Комуникацијата на Владата со сите компании е во континуитет. Минатата година воведовме некои мерки кои можеби не ги постигнаа оние ефекти што ги посакуваат компаниите, но секако не се без ефект - укажа Пешевски и додаде дека Владата мора да води сметка да не се фаворизира само еден сектор, туку правилата за игра да бидат колку што е можно поеднакви за сите учесници на пазарот.

Според него, кризата си го прави своето, но Владата, сепак, прави се што е во нејзина моќ за да им помогне на компаниите од сите сектори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik